logo
logo
logo

Бројни интервенции извршени од страна на екипите на јавните претпријатија по невремето кое го зафати Скопје

Vecer | 02.07.2022

Бројни интервенции извршени од страна на екипите на јавните претпријатија по невремето кое го зафати Скопје

По денешното невреме кое ја зафати територијата на градот Скопје, екипите на ЈП Водовод и канализација, ЈП Улици и Патишта, ЈП Комунална хигиена, ЈП Паркови и зеленило интервенираа на сите локации кои беа критични места од насобрана вода, откорнати дрвја или паднати гранки , санирање на сообраќајна сигнализација и чистење на површините. Од страна на ЈП Водовод и канализација се изврши листење на сливниците заради овозможување на апсорбирањето на водата. Расчистени беа критичните точки подвозникот кај Стоковна куќа, булеварот Илинденска на неколку точки, булеварот Партизански одреди, улицата Јордан Мијалков, неколку локации во општина Карпош, улицата Павел Шатев, кај полициската станица на Бит пазар, клучката пред Ист Гејт и останати интервенции. Атмосферските и канализационите линии на овие локации се чисти. Екипите на ЈП Улици и патишта интервенираа во санирање на паднат семафор на клучката кај Т.Ц. Мавровка и извршија санирање на искривен полупортал на булеварот Свети Климент Охридски. Дежурната екипа од Секторот Дрвореди на ЈП Паркови и зеленило попладнево веднаш реагираше на расчистување на теренот од паднати гранки и дрвја низ градот. -Се врши интервенирање на булеварот Цветан Димов, на неколку локации на потегот кај Бит пазар, и Т.Ц Мавровка, на улицата Ѓорѓи Димитров во Кисела вода, на две локации во Градскиот парк, на улиците Орце Николов, Чаирска, Даме Груев, Никола Тесла, Цицо Поповиќ, Банатска, улицата Аминта Трети, на неколку локации на булеварот Свети Климент Охридски, улицата Мирослав Крлежа, на булеварот Теодосиј Гологанов, улицата Орце Николов, на булеварот Крсте Петков Мисирков, улицата Иван Козаров, во Жена парк, како и на булеварот Кочо Рацин. Веќе се целосно расчистени неколку локации, а екипите на ЈП Паркови зеленило ќе продолжат со расчистувањето и во вечерните часови и во текот на утрешниот ден. Екипите на ЈП Комунална хигиена во координација со останатите претпријатија во моментов вршат чистење на улиците и булеварите, како и дел од пешачките патеки за нивна проодност. Чистењето на градските површини од невремето ќе продолжи и во текот на вечерните часови и во текот на утрешниот ден. Апелираме до граѓаните доколку е потребно интервенирање на некоја локација од страна на службите на Градот Скопје или екипите на јавните претпријатија да ги пратат своите барања на [email protected] за соодветно постапување.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk