logo
logo
logo

БОРИС во центарот на уште еден скандал: Што ќе каже истрагата - од каде 200.000 фунти за реновирање?

Vecer | 28.04.2021

БОРИС во центарот на уште еден скандал: Што ќе каже истрагата - од каде 200.000 фунти за реновирање?

Британскиот премиер Борис Џонсон тврди дека "лично" го платил преуредувањето на својата резиденција во Лондон.

Еден час откако регулаторот на британската политичка партија објавил дека истражува како е платено реновирањето на станот, опозиционерот Кер Стармер го испрашувал Џонсон на оваа тема.

"Преуредувањето на Дауинг стрит го платив лично", рекол Џонсон.

Тој додал дека "во целост се придржувал" до кодексот на однесување кој важи за владејачките партии, потоа и до својата улога како премиер и дека сите го советувале по тоа прашање.

Освен случајот за преуредувањето, Џонсон е обвинет дека изјавил шокантна реченица со која се спротивставил на новото затворање. "Daily Mail" известил дека на состанокот премиерот наводно рекол дека "нема повеќе затворања па ако треба нека се соберат илјадници починати од коронавирус".

Џонсон демантирал дека рекол такво нешто. Додал дека одлуката за повторното затворање била многу тешко да се донесе.

"Затворањето е ужасна работа, но морам да кажам дека сметавме дека немаме избор", рекол премиерот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk