logo
logo
logo

Борбата против миграцијата во фокусот на посетата на државниот секретар на словенечкото МВР

Vecer | 13.04.2021

Борбата против миграцијата во фокусот на посетата на државниот секретар на словенечкото МВР


Во рамки на унапредување на меѓународната билатерална соработка, државната секретарка на МВР, Магдалена Несторовска, беше домаќин на државниот секретар на словенечкото МВР, Франц Канглер, при што беше остварена средба и со министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Државните секретари, во рамките на работниот состанок разговарале во насока на успешно справување со миграциската криза, борбата против трговијата со луѓе и криумчарењето мигранти, како и потребата од склучување на засебен Протокол за соработка на Комисиите во областа на трговијата со луѓе.

Исто така се разговарало и за потребата од соработка во областа на заедничките обуки меѓу државите и размена на искуства во областа на воздухопловството.

Од страна на словенечкиот државен скретар биле презентирани приоритетите на словенечкото претседавање со Советот на ЕУ, активностите кои произлегуваат во рамките на Брдо Процесот, како и апсолутната словенечка поддршка за Република Северна Македонија кон полноправното членство во ЕУ.

Министерот Спасовски пред словенечкиот гостин ја образложил и потребата за склучување Имплементациски договор на основа на Конвенцијата за полициска соработка на Југоисточна Европа, за воспоставување заеднички контакт-центри за размена на информации, кои играат важна улога за зајакнување на прекуграничната соработка и придонесуваат кон борбата против прекуграничниот криминал и тероризам.

Канглер во придружба со директорот на Бирото за јавна безбедност на МВР, Сашо Тасевски, го посетил и граничниот премин „Богородица“ во Гевгелија, како и групата на словенечки полицајци кои вршат заеднички операции за надзор и контрола на јужната граница, со цел спречување на илегалната миграција.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk