Максим Димитриевски во 2024-та година е поголема грешка за
СДСМ отколку Тито Петковски (НСДП) во 2006-та, смета екс-градоначалникот од
редовите на СДСМ и поранешен функционер во партијата, Саша Богдановиќ околу
ефектот на партијата ЗНАМ врз изборниот резултат на СДСМ во првиот круг од
претседателските избори.
Богдановиќ во разговор за „<a href="https://lokalno.mk/bogdanovikj-dimitrievski-e-pogolema-greshka-za-sdsm-otkolku-tito-petkovski-vo-2006/">Локално</a>“ истакнува дека секое
едно делче кое ќе се отргне од едно тело е проблем, а тука гледаме дека добар
дел на стари и искусни кадри се имаат отргнато од СДСМ и приклучено кон ЗНАМ.
Како што вели, штетата е огромна.
На прашањето дали може да се очекува уште поголем одлив на
гласачкото тело на СДСМ кон ЗНАМ, соговорникот истакнува дека партијата на
Димитриевски е млада партија и е во налет, пред се собирајќи ги луѓето
незадоволни од некои политики досегашни и пред се приближувајќи кон себе
искусни сегашни и поранешни кадри од СДСМ кои имаат свој углед во околината и
општеството.
-Од ЗНАМ ќе има големи очекувања, дециден е Богдановиќ.
Како што додава, ЗНАМ со освојување на 10-тина пратеници на
парламентарните избори ќе стане значаен почитички фактор кој што, според него,
ќе одлучува за судбината на владата во иднина, но и за тоа какви политики ќе
има Македонија во иднина.
-За одредени клучни прашања имаат цврсти ставови кои се
различни од ставовите на СДСМ, ни рече Богдановиќ.