logo
logo
logo

Трагедија во Охрид: Загина пешак во сообраќајна несреќа

Vecer | 20.06.2025

Трагедија во Охрид: Загина пешак во сообраќајна несреќа

Синоќа на кружниот тек на булеварот Туристичка во Охрид се случи сериозна сообраќајна несреќа. Лек автомобил од марката „Голф“ удри во двајца пешаци од засега неутврдени причини. Според полициски извори, едно лице почина од здобиените повреди, додека другото беше пренесено со сериозни повреди во болницата „Св. Еразмо“.

Неофицијалните информации упатуваат на тоа дека станува збор за брачна двојка која се нашла на патеката на возилото кое изгубило контрола. По губитокот на контролата, автомобилот преминал преку кружниот тек и излетал на спротивната лента, каде што ги прегазил пешаците и се забил во заштитната ограда.

Полициската истрага околу околностите на несреќата е во тек, а од надлежните институции најавуваат дополнителни информации во текот на денот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk