logo
logo
logo

СТРУМИЧКИТЕ ИНСТИТУЦИИ НЕ СЕ ПАШАЛАК НА ЗАЕВ

Vecer | 18.04.2026

СТРУМИЧКИТЕ ИНСТИТУЦИИ НЕ СЕ ПАШАЛАК НА ЗАЕВ

Не помина обидот на Зоран Заев за замолчување и да не се зборува вистината за неговите криминали, судот во Струмица се прогласи ненадлежен за неговата тужба, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Правдата знае да доцни, но секогаш го наоѓа патот да излезе на виделина. Помина времето на импровизации и злоупотреби на правниот поредок во државата, за свои цели на одредени поединци или локални моќници. Сега, секој поединец е еднаков пред правосудните органи, нема привилегирани и заштитени, законот важи еднакво за сите. Тоа можеме да го констатираме и од последната одлука Основниот суд во Струмица, кој се прогласи за месно ненадлежен по тужбата поднесена од поранешниот премиер и претседател на СДСМ, Зоран Заев против пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, во обид да го замолчи да ја зборува вистината“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Многу веројатно, се додава, Заев ги сметал Струмица и струмичките институции за свој пашалак каде што секој прави како што тој ќе каже и декана ваков начин ќе влијае врз пресудата, па затоа одлучил тужбата да ја поднесе до овој суд.

„Или пак, поранешниот премиер, кој своевремено беше на чело на владиното телото за реформи во правосудството, заедно со својот адвокат – роднина, навистина не разбираат ништо од правото. Тоа што е важно, е што блефови и неиздржани аргументи не поминуваат. Ослободени од стегите, правосудните органи одлучуваат согласно законите, а не според нарачките на и желбите на поединци“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Владеење на правото и правна држава во Македонија ќе има и секој кој се огрешил и работел спротивно на закон, ќе одговара, додава партијата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk