logo
logo
logo

Тензична расправа во Собрание

БИТИЌИ СО НАВРЕДИ, Стојаноска му се спротивстави (ВИДЕО)

Vecer | 09.07.2026

БИТИЌИ СО НАВРЕДИ, Стојаноска му се спротивстави (ВИДЕО)

Тензична расправа за ребалансот на Буџетот, Фатмир Битиќи од СДСМ со навреди кон министерката и заменик-министерот за финансии. На продолжението на расправата за предлог – ребалансот на буџетот, на моменти беше и тензична.

Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, со иронични коментари и навреди кон министерката и заменикот – министер за финансии.

-Бездната во која што пропаѓате е многу длабока. Имате уште да одите надоле и во тоа ве смести сметководителката и професорот, рече Битиќи.

На ова бурно реагираа присутните пратеници.

-Министерката за финансии потценувачки ја ословивте како сметководителка и заменикот министер исто така со потценување како професор бидејќи вие сте биле експерт кој тука моли да држи некому часови, веројатно нема студенти таму каде што треба да ги држи, му одговори пратеничката Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk