logo
logo
logo

РОКОТ ИСТЕКУВА НА 15 ЈУЛИ

МИЦКОСКИ СО БЛАНКО ПОНУДА, а опозицијата никаде ја нема

Vecer | 09.07.2026

МИЦКОСКИ СО БЛАНКО ПОНУДА, а опозицијата никаде ја нема

Премиерот Христијан Мицкоски испрати директен апел до опозициските партии итно да ги усогласат своите ставови околу измените во Изборниот законик, нудејќи им целосна поддршка за нивните предлози, под услов со нив да се унапреди и овозможи гласањето на македонската дијаспора.

Мицкоски потенцираше дека времето за калкулации истекува и побара процесот да се заокружи најдоцна до средината на овој месец, со цел државата да продолжи со реализација на зацртаните стратешки реформи.

„Седнете договорете се во опозицијата. Што сакате, како сакате. Дајте предлог во којшто ќе е вклучено гласањето на дијаспората и ние бланко го поддржуваме. Се што сакате ние бланко ќе ви поддржиме. Само дајте да го завршиме ов до 15 јули за да може 10-тте чекори да ни бидат успешно завршени за да можеме да одиме во следна фаза. Еве, чекаме уште..., неколку дена поминаа, се уште немаме усогласен став на опозицијата“, рече Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk