logo
logo
logo

БЕСА бара обединување на албанските политички партии за рушење на ДУИ

Vecer | 19.05.2022

БЕСА бара обединување на албанските политички партии за рушење на ДУИ

Претставникот на Движењето БЕСА, Абдуш Демири, во вечерашното гостување во емисијата „Патот кон“ на Алсат, рече дека најлоша партија од албанскиот блок во земјава е ДУИ, која според него, иако долго време е на власт, не успеа да ја промени состојбата на Албанците. Демири во името на Движењето БЕСА уште еднаш ги повика сите албански опозициски партии да се обединат за да ја испратат, како што рече, ДУИ во опозиција.

„Движењето БЕСА во континуитет го повторува својот став дека е за соработка на албанските опозициски политички партии, во другите дебатни емисии и прес-конференции имавме наш јасен предлог дека сме отворени за секаква политика, во овој случај го споменавте и Алтернатива. Сметаме дека злото на Албанците е ДУИ која долго време остана на власт и состојбата на Албанците никогаш не може да се подобри. Затоа, постојано повикуваме на обединување на албанскиот политички фактор, без ДУИ во овој случај, за да излеземе заедно на следните парламентарни избори конечно да ја испратиме ДУИ во опозиција“, изјави Демири.

Фото: пшринтскрин алсатМ

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk