logo
logo
logo

ВЛЕН: Децата на функционерите од ДУИ ПРОТЕСТИРААТ ПРОТИВ СОПСТВЕНИТЕ РОДИТЕЛИ

Vecer | 17.05.2026

ВЛЕН: Децата на функционерите од ДУИ ПРОТЕСТИРААТ ПРОТИВ СОПСТВЕНИТЕ РОДИТЕЛИ

Цела јавност веќе сфати дека некои „студенти“ влегоа во валканата игра на ДУИ. Овие не ги претставуваат студентите, туку агендата на ДУИ. Ги користат како алатка за да ги вратат во живот Бујар Османи, Блерим Беџети, Талат Џафери и другите фотељаши од ДУИ, кои народот ги избрка на избори.

Овие не се гласот на студентите. Овие се гласот на ДУИ. Политички инструмент на партија што 20 години си тераше луксуз, функции, тендери и агалук, а сега се крие зад младите за преку мала врата да се врати на власт.

20 години ДУИ имаше министри, пратеници, претседател на Собрание, технички премиер, директори и апсолутна власт. А правосудниот испит на албански јазик не го средија никогаш, туку само оставаа пречки и кочници.

Истите тие што молчеа сите овие години, сега ги пуштаат децата на своите функционери по протести. Прашањето е едноставно. Против кого протестираат? Против сопствените родители?

Ова е прочитана и провидна игра, осудена на пропаст уште од старт.

Овој филм нема да им помине. Нема да дозволиме младите да се користат за политички агенди на ДУИ. Правосудниот испит на албански јазик, како и сите прашања што овие фотељаши ги оставија недовршени, ВЛЕН ќе ги реши одговорно.

Времето на политичкиот агалук заврши. Студентите не се ничија сопственост, ниту спасувачки појас за очајните функционери на една распадната партија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk