logo
logo
logo

Е не е ова Заев што одмара во недела... МИЦКОСКИ И НИКОЛОСКИ ВО ВИНИЦА, СЕ ГРАДИ БЕЗ ДЕН ОДМОР

Vecer | 17.05.2026

Е не е ова Заев што одмара во недела... МИЦКОСКИ И НИКОЛОСКИ ВО ВИНИЦА, СЕ ГРАДИ БЕЗ ДЕН ОДМОР

Во политиката постојат два модела кои се применуваат за да се добие доверба и поддршка од гласачите: вербален и материјален. 

Вербалниот, речиси постојано гледан кај левицата и СДСМ се големи зборови, комплицирани теории за возвишени цели кои никако да се видат и достигнат а животот тече и замнува во празни муабети, дефукиусирања од главните потреби со измислени скандали, оговарања и монторвки за политичките противници кои треба да бидат замајување во недостаток на конкретни резултати. Нема мапирање на главните секојдневни проблеми на граѓанинот и решение за нив. Политика зад која не останува ништо изградено, реформирано и практично употребливо и корисно. Остануваат само кавги, скандали, празни фрази и загубено време.  

Материјалниот модел е спротивност. Политиката се разбира рационално. Дека ској ден мора има завршено некоја работа, некој мал или голем проект кој задоволува потреби на граѓаните. Дека политиката и власта се разбира како борба за подобро утре ако се завршат успешно работите денес, и дека големите зборови и теориите не го полнат фрижидерот, не лекуваат болни и не отвараат нови работни места туку тоа го прави работата на терен, за секоја нова градинка, школо, пат па макар наводно бил и мал но, од животна важност за стотици граѓани во некое село, за секоја улица, нова фабрика или автопат... Да остане материјална трага зад политиката, употребна вредност за секој граѓанин која останува и по смена на власта.

Тој материјален модел на политика и власт е традицијата на ВМРО ДПМНЕ , и на локална и на централна власт. Кога министер и премиер и во сабота и во недела одат на терен меѓу работниците и граѓаните да видат до каде се и најмалите и најголемите проекти е доказ дека прокетите и потребите на граѓаните од тие проекти им се многу важни. И дека ќе ги биде.

Не е тоа власта на СДСМ и Заев. Се сеќаваме на изјавите на тогашниот премиер Зоран Заев - не работам во сабота и недела, тоа ми е време за одмор. Заев одмори, власта замина а зад власта не остана ниту еден инфраструктурен проект во држвава.

Премиерот Христијан Мицкоски и министерот Александар Николоски, и во недела, на терен во Виница. Да се контролира проект кој на виничани многу им значи и го чекаат.

Владата останува силен партнер на општините. Во Виница инвестираме во бројни инфраструктурни проекти во патишта и улици, водоводни системи и други проекти за да го подобриме животот на граѓаните, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска од Виница.

Тој заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски и градоначалникот на Виница, Митко Костадинов, извршија увид во инфраструктурни проекти што се реализираат со поддршка на Владата и во соработка со општината.

“Навистина ми е драго што сме на почеток на еден ваков убав настан на отворање на пазарот нешто што беше долгогодишно ветување. Мислам дека ова е најдобар доказ дека општината предводена од градоначалникот Митко Костадинов ги реализира работите кои што ги ветува, а со поддршката од Владата и од премиерот Христијан Мицкоски ќе продолжиме во следниот период уште поголеми работи да се реализират.

Се работи за една исклучително активна општина, општина која што не е најголема во државата, но по активност се брои со најголемите општини во државата и сакам да честитам на градоначалникот за таа работа.

Покрај отворањето на пазарот и реконструкцијата на главната улица во село Градец, во тек е реконструкција на општински локален пат од Блатец до Детлово, понатаму завршена е реконструкција на Ванчо Прке во Виница, завршена е реконструкција на кровот од административната зграда на општината, завршено е осветлувањето на просторот на Градскиот парк и пред стадионот во Виница.

Во тек е реконструкција на улици во село Блатец, завршена е реконструкција на дел од улица 4 во село Јакимово, завршена е реконструкција на улици Раде Кратовче, Кочо Рацин, Пролетерска, Ѓорче Петров, Блок 18 итн. Паралелно со тоа, заедно со Светска банка завршивме со реконструкција на улицата Страшо Пинџур, завршена е изградбата на улица во село Црн камен, во тек е изградба на улица во село Јакимово и завршена е промена на улично осветлување во должина од околу 15 км на сите улици.

Ова се проекти на кои што навистина може да позавидат и поголеми општини. Ќе продолжиме во следниот период, во координација со премиерот Христијан Мицкоски и со министрите во Владата да помагаме на општината и на градоначалникот и ќе имаме многу убави вести во периодот кој што следи.” – изјави вицепремиерот Николоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk