logo
logo
logo

Претседателката ДАВКОВА ПОБАРА ПОЧИТУВАЊЕ НА КОПЕНХАШКИТЕ КРИТЕРИУМИ за влез во ЕУ

Vecer | 05.05.2026

Претседателката ДАВКОВА ПОБАРА ПОЧИТУВАЊЕ НА КОПЕНХАШКИТЕ КРИТЕРИУМИ за влез во ЕУ

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на маргините на 8. Самит на Европската политичка заедница во Ереван, оствари билатерална средба со романскиот претседател Никушор Дан. Во фокусот на разговорите беа македонските евроинтеграции, регионалната безбедност и продлабочувањето на соработката меѓу двете пријателски земји.

Претседателката упати благодарност за континуираната поддршка што Романија ја дава на македонскиот пат кон ЕУ, особено преку групата „Пријатели на проширувањето“. Таа притоа потенцираше дека пристапниот процес мора да биде фер и предвидлив, односно строго врзан за исполнувањето на Копенхашките критериуми, со доследно почитување на европските принципи и вредности.

За време на средбата, Сиљановска-Давкова го поздрави романското разбирање за македонските аспирации во иницијативата „Три мориња“, нагласувајќи дека силната регионална поврзаност е клучен фактор за економски просперитет и политичко обединување во рамките на Унијата.

Двајцата соговорници изразија заложба за интензивирање на економската размена, како и за поблиска соработка во секторите култура, образование и наука. Како потврда за одличните билатерални односи, претседателката му упати покана на претседателот Дан за официјална посета на земјава во претстојниот период.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk