logo
logo
logo

Од Заев СТРУМИЦА СТАНА КАКО КОЛУМБИЈА, 10 шлепери марихуана фатени само таму

Vecer | 07.02.2026

Од Заев СТРУМИЦА СТАНА КАКО КОЛУМБИЈА, 10 шлепери марихуана фатени само таму

Потојано од Стрмица и околината, гевгелско или валандовскиот крај се фаќа марихуана наменета за црниот пазар на дрога. Ова е само еден од најконкртрените во блиското минато: 

“Во автомобил „мерцедес“ пресретнат на автопатот Скопје-Гевгелија во Неготино полицијата запленила околу 100 килограми марихуана што требало да биде прошверцувана. На откривањето на дрогата претходела бркотница.

Според официјалното соопштение на Министерството за внатрешни работи (МВР), дрогата најверојатно потекнува од фабрика за масло од канабис (марихуана), а „на улица“ би достигнала вредност од 300.000 евра.

Сега веќе не се фаќаат килограми, СЕГА СЕ ФАЌААТ ТОНИ И СЕ ТОВАРАТ ВО ШЛЕПЕРИ

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека во тек е опсежна акција, во рамки на која е запленета голема количина на марихуана.

Во правно лице во Скопје пронајдени се и одземени околу девет тони марихуана и над 1.300 шишиња произведено масло од канабис (полупроизвод). Од правни лица пак од источниот регион, одземени се над 31 тони марихуана и биомаса.

Во координација со Царинската управа и надлежната Комисија за контрола на овој вид на дејност од Министерство за здравство извршени се контроли во повеќе правни лица чија основна дејност е одгледување зачински, ароматични и лековити растенија и растенија со употреба во фармацијата, а во координација со јавен обвинител од ОЈО за ГОКК, се преземаат мерки и активности заради утврдување на фактите дали неодамна запленетата марихуана во Србија потекнува од нашата држава.

Со оглед на тоа дека едно од осомничените и приведени лица во Србија е дел од сопственичката структура во правното лице од Скопје, извршени се детални проверки и контроли на количината која е затечена во правното лице и целосната документација која што е пронајдена во просториите на правното лице.

Врз основа на пронајдената документација од страна на Комисијата од Министерството за здравство сочинет е записник, во кој се констатирани низа неправилности при работењето и голема неусогласеност во однос на количините кои правното лице ги поседува, произведува, набавува и отуѓува.

Исто така, извршени се проверки во неколку правни лица во источниот регион каде исто така од надлежната комисија се утврдени неправилности и неусогласеност во однос на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат, по што е одземена затекнатата количина.

Министерството за внатрешни работи во координација со ОЈО ГОКК, каде е формиран посебен тим за овој и слични предмети, продолжува и во наредниот период со преземање на мерки и активности за целосно расчистување на овие случаи.

МВР по завршување на акцијата и по целосно расчистување на случаите детално ќе ја информира јавност“, информираат од МВР. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk