logo
logo
logo

СТАП ПИЈАН валандовчанец за малку не изгорел заедно со својот автомобил

Vecer | 14.07.2025

СТАП ПИЈАН валандовчанец за малку не изгорел заедно со својот автомобил

Валандовчанец за малку не изгорел заедно со својот автомобил, кој се запалил откако излетал од коловозот, бидејќи - бил стап пијан.

На 13.07.2025 во 05.30 часот во с.Јосифово, валандовско, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Валандово го лишија од слобода Т.Ј.(52) од с.Удово, валандовско.

-Околу 04.20 часот на регионалниот пат Р-1105, кај с.Јосифово, валандовско, управувајќи патничко возило „опел корса“ со валандовски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот, по што се оддалечил од возилото, кое целосно изгорело. Во несреќата, тој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Здравствен дом Валандово, а при проверка било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,19 промили алкохол во крвта, информира МВР.

Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Валандово.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk