logo
logo
logo

УЧЕБНИЦИ ПО СИТЕ ПРЕДМЕТИ ЗА СЕКОЈ УЧЕНИК

Vecer | 31.08.2025

УЧЕБНИЦИ ПО СИТЕ ПРЕДМЕТИ ЗА СЕКОЈ УЧЕНИК

По седум години власт предводена од СДС, сега на стартот на оваа учебна година секој ученик ќе има учебници. За седум години власт на СДС беше мисловна именка учениците да добијат учебници, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Најголем дел од учебниците веќе се и доставени во училиштата, или 90 проценти се доставени, останатите 10 проценти се доставуваат деновиве.

И не само тоа, прашањето дали има нема учебници за учениците оваа година се затвора, веќе проблем со набавка на учебници и достава до учениците нема да има.

Учебници има за сите ученици во основно и средно образование. За средното стручно образование и минатата година имаше стотина печатени, оваа година има педесетина печатени нови наслови, а педесетина се достапни на веб-страниците.

Решен и проблемот со учебници по странските јазици кои се учат.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ покажува дека со волја и макотрпна работа се постигнува сè. Реалноста е видлива, Македонија се трансформира.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk