logo
logo
logo

Мицкоски

„Бадијала им е на СДСМ и ДУИ Рамковниот кога МЛАДИТЕ ЈА НАПУШТААТ ДРЖАВАТА“

Vecer | 14.08.2022

„Бадијала им е на СДСМ и ДУИ Рамковниот кога МЛАДИТЕ ЈА НАПУШТААТ ДРЖАВАТА“

Мицкоски одговори дека Бадијала ќе им биде Рамковниот на СДСМ и ДУ кога младите без разлика дали се Македонци и Албанци си заминуваат од Македонија бидејќи гледаат бесперспективност поради овој криминален и корумпиран режим, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска од Љубанци.

„Добро, оние враќаат, рециклираат теми од минатото. Тоа е затворена работа. Сега се фокусираме на иднината и е факт дека и во Љуботен и тука во Љубанци младите си одат. Зашто си одат? Затоа што за жал бесперспективност гледаат поради овој криминален и корумпиран режим без разлика што во Љуботен се Албанци а во Љубанци се Македонци, рече тој.

Истакна дека децата си одат, младите си одат и среќа што имаме вакви амбициозни градоначалници и луѓе во политиката млади и чесни кои што сакаат да работат и сакаат да овозможат и да остават нешто позади себе за да ги задржат тие луѓе тука.

„Но, ако се оставиме на овие луѓе од ДУИ и од СДСМ за бадијала ќе им биде Рамковниот кога се празнат селата, односно селата дека се празнат е веќе стара вест, сега се празнат и градовите. Гостивар од 84 илјади на 59 илјади и тоа на оној попис онаков каков што беше. Тетово нема вода за пиење, Арачиново нема канализација и сега они седат и трошат 70-100 илјади евра по некакви забави таму. Шокантно, што да ви кажам“, истакна Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk