logo
logo
logo

Пауза во Собранието поради недостиг од информации околу расходите на пратениците

Vecer | 18.06.2025

Пауза во Собранието поради недостиг од информации околу расходите на пратениците

Денеска пленарната седница во Законодавниот дом беше прекината на еден час, по барање на пратеникот од Левица, Сашко Јанчев. Јанчев повторно затражи пауза заради тоа што генералниот секретар на Собранието сѐ уште нема одговорено на хартеново барање од страна на пратеничката Јована Мојсоска од Левица, која побара информации за висината на патните трошоци и износот на станарини исплатени на одредени пратеници.

Според предложениот дневен ред на 56. седница, собраниската расправа ќе се фокусира и на Предлог-одлуката за прераспределба на средства меѓу буџетските корисници на централната власт и фондовите за 2025 година. Овој предлог веќе доби поддршка од соодветната комисија.

Во предложената одлука се предвидува да бидат издвоени 2 милиони денари за подготовка на идејно решение и иницирање активности за изградба на спомен-обележје за настраданите во пожарот во Кочани. Дополнително, се планираат 600 милиони денари за инфраструктурни и капитални проекти за општински развој како и 242,3 милиони денари за исплата кон заштитни друштва врз основа на поврат на платени придонеси.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk