logo
logo
logo

ГЛОБАЛНА АКАДЕМИЈА НА ИНТЕРПОЛ: Значајно унапредување на улогата на нашата држава во меѓународната безбедносна архитектура

Vecer | 26.11.2025

ГЛОБАЛНА АКАДЕМИЈА НА ИНТЕРПОЛ: Значајно унапредување на улогата на нашата држава во меѓународната безбедносна архитектура

Македонската полиција пристапува кон Глобалната академија на ИНТЕРПОЛ, ексклузивна светска мрежа за специјализирана полициска обука, развој на капацитети и меѓународни професионални стандарди.

На маргините на Генералното Собрание на ИНТЕРПОЛ, вчера во Маракеш, Генералниот секретар Валдеси Уркиза и директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР, Александар Јанев го потпишаа Писмото за пристапување, со што се отвораат нови можности за унапредување на нашите професионални и институционални капацитети.

– Со станувањето дел од оваа глобална платформа, се зајакнува стратешкиот фокус кон современо, аналитички ориентирано и технолошки напредно полициско работење. Овој историски чекор претставува значајно унапредување на улогата на нашата држава во меѓународната безбедносна архитектура и ја потврдува решителноста за зајакната соработка со партнерските служби ширум светот. Македонската полиција добива пристап до најсовремени програми за обука, експертски ресурси, иновативни методолошки алатки и заеднички проекти за борба против транснационалниот криминал. Ова членство ќе придонесе и за подобра размена на знаење, унапредување на професионалните стандарди и развој на нови генерации полициски службеници со глобални компетенции, вели Јанев.

Тој се заблагодари на ИНТЕРПОЛ за довербата и партнерството со што се потврдува посветеноста кон продлабочување на меѓународната полициска соработка, заштитата на безбедноста на граѓаните и активниот придонес кон глобалната борба против организираниот криминал.

Според Јанев, инвестицијата во градење на капацитети за едукација на полициските службеници е еден од клучните определби на Министерството за внатрешни работи, за градење на силна и едуцирана полиција, подготвена да одговори на сите национални и глобални предизвици.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk