logo
logo
logo

Алиу: Со новиот простор во „Мајчин дом“ овозможуваме поефикасна дијагностика и терапија за најмладите

Vecer | 31.03.2026

Алиу: Со новиот простор во „Мајчин дом“ овозможуваме поефикасна дијагностика и терапија за најмладите

Министерот за здравство, Азир Алиу, денеска го посети Мајчин дом, по повод проширувањето на просторните капацитети на одделот за психофизиологија.

– Проширувањето овозможува поефикасна организација на дијагностичките и терапевтските активности и обезбедување стручна поддршка во областа на детскиот развој. Новите простории создаваат функционална средина, како за стручниот тим, така и за пациентите со развојни тешкотии и нивните семејства. Ова е значаен чекор во континуираното унапредување на здравствената заштита, со посебен фокус на раната детекција, навремената интервенција и сеопфатната грижа за децата со заостанување во психомоторниот развој и аутизам, истакна министерот Алиу.

Реализацијата на ова проширување е овозможена благодарение на соработката со повеќе општествено одговорни компании и поединци кои ја поддржаа оваа иницијатива.

Министерството за здравство и Клиниката за детски болести остануваат посветени на унапредување на условите за третман и обезбедување највисок квалитет на здравствена грижа за најмладите пациенти.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk