logo
logo
logo

ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ ВО МАКЕДОНСКИТЕ УЧИЛИШТА - Стабилен систем против врсничко насилство

Vecer | 04.09.2026

ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ ВО МАКЕДОНСКИТЕ УЧИЛИШТА - Стабилен систем против врсничко насилство

Министерството за образование и наука предвидува континуирани активности за спречување на врсничкото насилство и воспоставување стабилен систем кој ќе делува превентивно, изјави денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска. Таа посочи дека Владата презела повеќе проекти и законски измени, како и промени во училиштата, со цел да се спречи и санкционира врсничкото насилство.

Одговарајќи на прашањето за мерките против врсничкото насилство што ги објави Владата, Јаневска рече дека станува збор за серија активности што Министерството ги презема во насока на сузбивање на оваа појава.

-Вие знаете дека ние предвидовме исклучително многу активности за сузбивање на врсничкото насилство, што досега и не било така. Ова е прва Влада која посвети толку многу внимание на врсничкото насилство. Презедовме проекти и законски измени. Презедовме промени во училиштата во однос на распоредот на наставниците, грижата, па дури и казни за оние родители чии деца ќе повторуваат врсничко насилство - истакна министерката.

Таа информираше дека во моментов разговорите со Град Скопје се одвиваат на ниво на службите, а дополнително ќе се разговара и со градоначалникот за активностите што треба да се спроведат.

– Јас реков дека тоа ќе бидат континуирани проекти, за да не бидат само проекти како проекти, туку да се воспостави еден стабилен систем кој континуирано ќе дејствува во спречување на врсничкото насилство - рече Јаневска.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk