logo
logo
logo

ЗА ТРЕТ МАНДАТ ќе се кандидира Максим Димитриевски во Куманово

Vecer | 06.06.2025

ЗА ТРЕТ МАНДАТ ќе се кандидира Максим Димитриевски во Куманово

Актуелниот градоначалник и лидер на ЗНАМ, Максим Димитриевски ќе го брка третиот градоначалнички мандат во Куманово, потврди на денешната прес-конференција претседавачот на Централниот одбор на ЗНАМ, Игор Филков, одговарајќи на прашањето дали партијата преговара со својот коалициски партнер ВМРО-ДПМНЕ за зааеднички настап на локалните избори.

-Во моментот преговорите се во тек. Но, она што можам да го потврдам сигурно е дека ние ќе имаме кандидат во градот Куманово, тоа е нашиот претседател Максим Димитриевски. Ќе имаме најмалку едно градоначалничко место во општините во Град Скопје, но и други места ширум републиката за кои сѐ уште траат преговорите, рече Филков.

На денешната прес-конференција Филков информираше за формирањето на Градската организација на ЗНАМ во Скопје. За претседател на Градската организација едногласно е избран Мирослав Лабудовиќ, магистер по електротрехника и информациски технологии и актуелен заменик-министер во Министерството за енергетика.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk