logo
logo
logo

СВР Битола го расчисти настанот со насилно одземање маица на 28 август, следува пријава против пет лица

Vecer | 05.09.2025

СВР Битола го расчисти настанот со насилно одземање маица на 28 август, следува пријава против пет лица

По преземени мерки и активности, СВР Битола го расчисти настанот со насилно одземање маица на лице од Шведска, со престој во Дебар, ги идентификуваше сторителите и изврши службени разговори со нив во полициска станица.  Имено, по преземени мерки, полициските службеници ги идентификуваа сторителите, четворица 17-годишници и еден 14-годишник, сите од Битола. Со судска наредба, биле извршени претреси во нивните домови, а во службен разговор во полициска станица го признале делото.

Имено, на 28.08.2025 во 19:50 часот во СВР Битола, С.Х.Д.(32) од Шведска, со престој во Дебар, пријавил дека на улица „Широк сокак” во Битола, лицата му пристапиле и сакале да му ја соблечат маицата, која ја носел, а на која што имало исцртанo глава на орел од предната и задната страна. Според пријавеното, тој ја соблекол и им ја дал маицата  откако увидел дека не може да се одбрани.

По целосно документирање на случајот, против лицата ќе биде поднесена пријава по член 319 од Кривичниот законик - „предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk