logo
logo
logo

Коларевиќ и Абази го претворија обвинителството во ШТИТ НА КРИМИНАЛОТ НА СДС И ДУИ

Vecer | 20.05.2026

Коларевиќ и Абази го претворија обвинителството во ШТИТ НА КРИМИНАЛОТ НА СДС И ДУИ

Случајот „Мазут“ тежок 167 милиони евра е доказ за селективна правда и политичко влијание на СДС и ДУИ врз обвинителството.За личните интереси на обинителите избрани во Зајас и Струмица од Заев и Ахмети, Коларевиќ и Абази не беа доволни ниту доказите од МВР, не беа доволни ниту извештаите од ДЗР, ниту пак сомнежите за штета врз здравјето на граѓаните и буџетот, напоменуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Семејните и личните интереси на обвинителите Коларевиќ и Абази ги амнестираше осомничените блиски до СДС и ДУИ за случајот „Мазут“ вреден 167 милиони евра. Абази и Коларевиќ ја запреа постапката против лица блиски до СДС и ДУИ.Коларевиќ е со семејни врски со кадри избирани од СДС нејзиниот татко бил избран за државен правобранител во 1998 година, а нејзината мајка за Уставен судија во 2004 година, додека пак Абази е со познати релации со ДУИ и Али Ахмети, со кој е растен во Зајас и се комшии.

Обвинителството е штит за криминалните активности на кадрите од СДС и ДУИ. Наместо правда има амнестија за најголемиот енергетски скандал во Македонија.

Кој и зошто наредил постапката да биде запрена?

Дали постојат финансиски мотиви зад оваа одлука?

Зошто СДС молчи за случајот и не бара одговорност од Васко Ковачевски?

Зошто Советот на јавни обвинители не отвори проверка за постапувањето на обвинителите?

Правдата не смее да биде селективна. Обвинителството мора да работи во интерес на граѓаните, а не да штити политички структури.

Неопходна е целосна и независна истрага за случајот „Мазут“ и одговорност за сите инволвирани.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk