Министерството за здравство денеска соопшти дека се извршени трансплантација на црн дроб кај 67-годишен пациент и бубрег кај 51- годишна жена откако семејство на починато лице донело одлука да ги донира неговите органи.
Во соопштението се посочува дека во најтешкиот момент, едно семејство донело одлука што значи живот. Со нивната хуманост и несебичност, спасен е човечки живот преку трансплантиран црн дроб на 67 годишен пациент, а на уште една пациентка на 51 годишна возраст и е подарена нова шанса за поквалитетен живот со трансплантација на бубрег. Пациентите се во добра општа состојба и се пуштени на домашно лекување, посочуваат од МЗ.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата