Министерот за одбрана на Јапонија, Шинџиро Коизуми на социјалната мрежа X објави дека остварил прва средба со министерот за одбрана на Република Македонија, Владо Мисајловски.
‒ Прва средба со министерот за одбрана на Република Македонија, Мисајловски. Минатата година беше реализирана посетата на министерот за надворешни работи, прва по три години, па со голем интерес се разговараше дека следната посета би можела да биде на министерот за одбрана. Очекувам понатамошно продлабочување на нашата соработка во иднина, напиша Коизуми во својата објава.
Средбата претставува продолжување на дипломатските контакти меѓу двете земји и отворање можности за дополнително унапредување на соработката во областа на одбраната и безбедноста.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата