logo
logo
logo

Почина 2-годишното дете кое со куршум беше повредено во новогодишната ноќ

Vecer | 02.01.2026

Почина 2-годишното дете кое со куршум беше повредено во новогодишната ноќ

Утрово на скопските клиники почина двегодишното дете кое беше тешко повредено за време на новогодишната ноќ, откако, според првичните информации, било погодено од заталкан куршум додека гледало огномет.

Детето во моментот на инцидентот се наоѓало надвор со својата мајка. Додека таа го држела во раце, детето било погодено од метален проектил, најверојатно залутан куршум, по што итно било пренесено во болница.

Најпрвин било згрижено во Градската болница, а поради сериозноста на повредите било префрлено на Клиниката за детска хирургија. Лекарите констатирале крварење во мозокот, при што биле зафатени сите мозочни комори. Детето било во тешка и животозагрозувачка состојба и под постојан медицински надзор.

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, претходно информираше дека станува збор за еден од најсериозните инциденти за време на новогодишната ноќ, посочувајќи дека повредата е предизвикана од метален фрагмент и дека околностите под кои настанал случајот сè уште се предмет на истрага.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk