logo
logo
logo

ЛЕВИЦА сака да ја злоупотреби трагедијата во Кочани со организирање протести (ВИДЕО)

Vecer | 23.03.2025

ЛЕВИЦА сака да ја злоупотреби трагедијата во Кочани со организирање протести (ВИДЕО)

На социјалните мрежи се појави видео од групен разговор меѓу македонски и српски студенти кои се договараат како да предизвикаат немири на протестите во Скопје кои се закажани за утре.

Онлајн состанокот го координира извесна Сташа, студентски инструктор од Србија а во „чатот“ учестуваат Кирил Митановски од Црвената младина на Левица кој вели дека е од партија.

„Еве ја лично не кријам дека сум од партија“, вели водачот на утрешните протести.

Ѓорѓи Јачев пак се брани дека бил во партија, но веќе не е и дека со Кирил се знае од таму.

„Тие луѓе што имаат такво искуство обично се качуваат на врвот“, цели Јачев.

По првичното излагање на Кирил и Ѓорѓи во разговорот се уклучува Сташа која ги советува дека во прв ред треба да биде пленумот, а не поединци, и дека не треба да се дозволи да се вклучуваат партиски активисти.

Идејата на плеумот е да постои и кога некој ќе се исклучи. Пленумот е општествен конструктор, тело , а не луѓето. Ако некој ти каже ти си во партија, но ти не си никаков духовен водач. Проблем е ако вашите партиски личности го преземаат медиумскиот простор и се наметнуваат како водачи на револуцијата и да, велат дека се еднакви, но малку повеќе се појавуваат на телевизија и глумат кои се, како на пример Зоран Ѓинѓиќ, кој е битен и ја спасува земјата. Треба да спречите медиумско промовирање на поедници. Нас ни се случи да падне настрашницата што е директен еквивалент на јавните институции, вели во видеото инструкторката од Србија, Сташа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk