logo
logo
logo

КОЛКУ ВРЕДИ ЖИВОТОТ ВО МАКЕДОНИЈА? Остра реакција на сестра ѝ на Теодора за 2 години затвор за човекот што ја прегази

Vecer | 07.04.2025

КОЛКУ ВРЕДИ ЖИВОТОТ ВО МАКЕДОНИЈА? Остра реакција на сестра ѝ на Теодора за 2 години затвор за човекот што ја прегази

Ева, сестрата на Теодора Ристевска, која ја прегази и усмрти Менсур Пајазити, очајна и револтирана изрази неверување дека казната за тоа е само две години. Пајазити на денешното рочиште во Основниот суд во Тетово ја призна вината.

– Колку вреди животот на сестра ми? Дали животот некој може да и го врати? Дали нејзината младост некој може да ја врати? Мојата младост дали може да ја врати, мојата душа дали може да ја врати? Две години го осудија човеков што уби човек, две години го осудија, колку вреди животот во Македонија – низ солзи праша сестрата на Теодора.

Казната од две години нема да ја врати жртвата, ама ќе ја олесни маката на семејството. Како да запалам свеќа на гробот на сестра ми и да и кажам да биде задоволна со казната, во очај зборуваше Ева пред судот по изречената пресуда.

Таа рече дека само ако стигне до максимана казна тогаш ќе има правда и додаде дека верува во правда.

Во септември 2022 година, 22-годишната Теодора беше прегазена во Тетово од „ БМВ“ кое го управувал 44-годишниот Пајазити.

Тој е обвинет за „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ од ставот 4 за кој е предвидена затвор од една до пет години.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk