logo
logo
logo

Добри вести за Гостивар

ВИДЕО | ТОШКОВСКИ - Водата во гостивар може да се користи за капење и миење, но не и за пиење

Vecer | 27.07.2026

ВИДЕО | ТОШКОВСКИ - Водата во гостивар може да се користи за капење и миење, но не и за пиење

По последните лабараториски анализи, водата во градскиот водовод во Гостивар од денеска може да се користи како техничка вода, соопштија надлежните. Граѓаните можат да ја користат за капење, туширање, миење садови, алишта и одржување на хигиената, но таа се уште не е безбедна за пиење и подготовка на храна. Одлуката е донесена врз основа на анализите на експертските тимови на ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје, инофмираше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. 

Како што беше најавено претходно, целта беше прво да се обезбеди вода за техничка употреба преку хиперхлорирање на системот, а потоа и за пиење.

„Првично ќе треба да се направи хиперхлорирање на водоводниот систем, со цел најнапред да се обезбеди вода за техничка употреба, а потоа и за пиење“, изјави Тошковски при посетата на Гостивар.

Министерот нагласи дека и покрај овој чекор напред, кризната состојба останува во сила и ќе се продолжи со обезбедување флаширана вода за пиење за сите граѓани на Гостивар, се додека анализите целосно не потврдат дека водата е безбедна и за консумирање.

Надлежните апелираат граѓаните строго да ги почитуваат препораките на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) и во никој случај да не ја користат водата од чешма за пиење, готвење или миење овошје и зеленчук.

Институциите најавија дека ќе продолжат со континуирано земање мостри и тестирање од повеќе точки на водоводната мрежа, а јавноста ќе биде навремено информирана за секоја нова промена.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk