logo
logo
logo

Николоски: Во финална фаза е ДУП-от за бањата Кежовица, а браната Отиње се очекува да биде готова следната година

Vecer | 05.05.2025

Николоски: Во финална фаза е ДУП-от за бањата Кежовица, а браната Отиње се очекува да биде готова следната година

Во општина Штип работиме на повеќе проекти, во финална фаза е изработката на ДУП за бањата Кежовица што треба да отвори многу преспективи за развој на туризмот, пред се, на бањскиот туризам, а браната Отиње да биде готова следната година, ова денеска го истакна при посетата на општина Штип вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

-За општина Штип инвестираме дополнително некаде околу 70 милиони денари за водоводни и канализациони системи. Оваа година ќе имаме уште една таква слична активност како дополнителна поддршка, тоа е една работа. Втората е, заедно со градоначалникот работиме и во финална фаза сме на изработка на ДУП за бањата Кежовица којашто треба да отвори многу преспективи за развој на туризмот, пред се, на бањскиот туризам и, исто така, една убава викенд населба што ќе значи многу за целиот источен дел на државата и третиот проект е браната Отиње којашто треба да е една туристичка атракција. Обезбедивме дополнителни 145 милиони денари и се реализира во моментов. Очекувам во текот на следната година да заврши, да почне да се полни со вода и веќе летото 2027 година се надевам да направиме сефте на тоа езеро и во делот на туризмот и, секако, во делот на наводнување, ијзави потпретседателот на владата Николоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk