logo
logo
logo

УЦЕНЕТИОТ ФИЛИПЧЕ СО ИСТ РЕЧНИК КАКО СОФИЈА, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Vecer | 13.05.2026

УЦЕНЕТИОТ ФИЛИПЧЕ СО ИСТ РЕЧНИК КАКО СОФИЈА, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Веќе нема дилеми, Венко Филипче тргнал по стапките на Зоран Заев. Заев послушник на Борисов, Филипче пиун на Радев, кој, освен што го прифаќа, е и главен лобист за прифаќање на бугарскиот ултиматум, се посочува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Во текстот се додава:

„Изгубени во својата безидејност и тонењето на политичката сцена, нервозниот Венко Филипче и СДС, наместо да ги бранат македонските интереси, тие се ставија во служба на бугарските и користи ист речник како официјална Софија.

Не почека ни еден ден по доаѓањето на новата власт во Бугарија, Филипче веднаш се стави на располагање на Румен Радев и директно изјави дека, доколку тој биде на власт ќе го исполни секое едно барање на Бугарија.

Додека народот е против, Филипче најгласно се залага за спроведувањето на бугарските барања. Вака отворено против граѓаните може да излезе само уценет политичар кој е заглавен во криминал.

Нема човек во државата на кој не му е јасно дека Венко Филипче е корумпиран политичар, полн со криминали, афери и скандали и затоа е должен да му одговори на македонската јавност, со што точно е уценет од група бугарски политичари за да води антимакедонска политика?

Додека ја чува фотелјата во СДС, подарена од неговиот ментор Зоран Заев, јасно и гласно Филипче ги промовира и следи неговите политики на удоволување на секој еден од надвор, освен на Македонија и македонскиот народ.

Со секојдневните негови изјави, Филипче се повеќе тоне, на и така нискиот рејтинг од само 3% кој е понизок од партискиот, и него веќе никој не го слуша додека секојдневно зборува за евроинтегративниот процес на државата, а всушност е загрижен само за неговата партиска фотелја.

Тоа што е добро, што македонскиот народ веќе знае со кој си има работа и доверба на ликови како Заев и Филипче, кои за власт се спремни на прифаќање на разни ултиматуми, услови и отстапки кои задираат во националниот идентитет, веќе не дава.

Лекциите од минатото се научени, такви антидржавни политики кои ги промовираат и спроведуваат СДС, Заев и Филипче граѓаните ги не поддржуваат и со сигурност на следните избори ќе ги отстранат од политичката сцена, по што ќе бидат запишани на темните станици од историјата како најголемите предавници на македонските национални интереси“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk