Климатските промени веќе не се далечна закана, туку реалност што секојдневно ја живееме, истакна денеска претседателката Гордана Сиљановска Давкова. Таа нагласи дека државата мора да премине од реактивен кон превентивен пристап, со јасно дефинирани политики и координирани институционални одговори. Воедно, ја истакна уставната обврска за заштита на природата, но и предупреди дека без доследна примена на законите и стратегиите, документите остануваат само на хартија.
-Денес, кога зборуваме за климатските промени, не зборуваме за нешто далечно и апстрактно, туку за реалност којашто секојдневно ја живееме низ летата што траат подолго отколку што сме навикнале, низ воздухот, збогатен со PM честички, низ водата што станува загадена и недоволна, низ шумите што исчезнуваа, рече претседателката на настанот „Климатски промени – ризици и предизвици“, што се одржува денеска во Вила „Водно“.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата