logo
logo
logo

Прекугранична соработка за зачувување на биолошката разновидност: ПРОМОВИРАНА АПЛИКАЦИЈАТА „PELICANWATCH“

Vecer | 07.04.2026

Прекугранична соработка за зачувување на биолошката разновидност: ПРОМОВИРАНА АПЛИКАЦИЈАТА „PELICANWATCH“

Македонското еколошко друштво (МЕД), Друштвото за заштита на Преспа од Грција и Друштвото за заштита и зачувување на природната средина во Албанија во рамки на „Проект ПреспаНЕТ III – зачувување на биолошката разновидност на прекугранична Преспа“ промовираа мобилна апликација за следење и истражување на пеликаните во Преспанско Езеро.

Мобилната апликација „PelicanWatch“ ја создаде Друштвото за заштита на Преспа од Република Грција, таа е едноставна мобилна апликација која им овозможува на сите набљудувачи на птици или едноставно љубители на природата, да учествуваат во вистинско научно истражување.

Преку апликацијата, граѓаните можат да бележат набљудувања на однесувањето на пеликаните при хранење и да им помогнат на научниците подобро да ги разберат предизвиците со кои се соочуваат овие птици. Апликацијата „PelicanWatch” исто така овозможува лесно евидентирање набљудувања на пеликани кои се веќе означени од научниците, информираа од македонското друштво МЕД.

Пеликаните се едни од најрепрезентативните птици на нашите езера и симболи на нашето природно наследство – особено во регонот на Преспанското Езеро и за нивно следење непречено може да се презема и користи апликацијата „PelicanWatch” за како што соопштуваат од МЕД, уште веднаш да се помогне во заштитата на пеликаните.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk