logo
logo
logo

И зголемено присуство на хлор во еден примерок

ФЕКАЛНИ БАКТЕРИИ НАЈДЕНИ ВО ДВА ПРИМЕРОКА ОД ВОДАТА ВО ГОСТИВАР

Vecer | 20.07.2026

ФЕКАЛНИ БАКТЕРИИ НАЈДЕНИ ВО ДВА ПРИМЕРОКА ОД ВОДАТА ВО ГОСТИВАР

Според неофицијални информации, извештајот на Институтот за јавно здравје покажува дека од четирите испитани примероци на вода, во два се пронајдени фекални колиформни бактерии, а во еден примерок е утврдено и зголемено присуство на хлор.

Доколку овие наоди бидат потврдени, тие отвораат сериозни прашања за начинот на кој се управувало со водоводниот систем во Гостивар под надлежност на општината.

Една од насоките што ја испитуваат надлежните институции е можноста во водоводната мрежа да навлегло фекално загадување, по што било извршено дополнително хлорирање на водата.

Извештајот на ИЈЗ е поднесен до обвинителството кое е на потег.

Во полициска акција во Гостивар, денеска се уапсени директорката и менаџментот во ЈП „Комуналец“. Приведени се по итна постапка на три лица од ЈП „Комуналец“ – Гостивар: вршителот на должност директорката Аратана Асани, раководителот на Одделението за водовод Вадедин Дервиши и техничкиот директор Леон Нуредини.

Во Основното јавно обвинителство предметот првично се води во насока на сомнение за кривичните дела „Загадување вода за пиење“ и „Тешки дела против животната средина и природата“ согласно Кривичниот законик.

Надлежните институции засега не објавуваат официјални детали за текот на акцијата, а се очекува во текот на денот да следува официјално соопштение со повеќе информации за преземените мерки и текот на денот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk