Претседателот на Комората Бранко Азески денеска преку пуштање тонска снимка се обиде накусо да објасни како изгледа една средба со владини претставници на која бизнисот сака да ги каже приоритетите и проблемите. Тој се пожали дека владата, но и поранешниот премиер Димтар Ковачевски биле незаинтресирани за нивните проблеми.
- Ќе си одам јас ама ќе останат министрите тука, му рекол премиерот. Не може таков однос, треба да имаш респект за да влезеш во оваа куќа, а ако немаш, не влегувај. Ако не ти требаа оваа куќа, избриши ја, рече Азески.
Премиерот дури во една прилика излегол порано, а подоцна бил виден во популарниот ресторан „Трибека“.
- Знаете јас имам некој состанок во Завод за статистика а после ќе го најдеш во „Трибека“-рече Азески за популарниот Таче.
Видето каде Азески објаснува за средбите со премиерот и министрите и нивниот однос кон бизнисмените е на 52-ра минута:
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата