logo
logo
logo

Автомобил удрил во велосипед управуван од малолетник од Кочани

Vecer | 21.09.2024

Автомобил удрил во велосипед управуван од малолетник од Кочани

На 20.09.2024 во 16.46 часот по ОВР Кочани било пријавено дека на крстосница од ул.„Скопска“ и ул.„П.Вељанова“ во Кочани, патничко возило „фолксваген туран“ со кочански регистарски ознаки, управувано од В.В(33) од Кочани, удрило во велосипед управуван од малолетник од Кочани.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во болницата во Кочани.

Увид на местото на несреќата извршила екипа на ОВР Кочани.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk