logo
logo
logo

Арсовски повика за поддршка на уставобранителите: Тие не заслужуваат да бидат во затвор, тие не се терористи

Vecer | 23.04.2021

Арсовски повика за поддршка на уставобранителите: Тие не заслужуваат да бидат во затвор, тие не се терористи

Ве повикувам и сите вас кои барем малку имате желба за правда во оваа бесконечна неправда што ни се случува, да дојдете, заедно да им дадеме поддршка на браќата кои се по затворите, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски повикувајќи за поддршка на протестот за правда за уставобранителите.

Арсовски истакнува дека тие не заслужуваат да бидат во затвор, тие не се терористи, а секој еден од нас што нема да им ја пружи поддршката, не ја заслужува нивната преданост кон Македонија

- Јас, сега во недела, најмалку што можам да направам е да бидам во 11:00 пред Влада во чест на неправедно осудените Уставобранители и ќе бидам секогаш кога треба и на протест во нивна чест и пред затворите каде што се, но и било каде, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски повикувајќи на присуство на протестот за уставобранителите.

Да живее Република Македонија, пишува Арсовски

Јас, сега во недела, најмалку што можам да направам е да бидам во 11:00 пред Влада во чест на неправедно осудените...

Posted by Dimsa Arsovski on Thursday, April 22, 2021

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk