logo
logo
logo

Арсовски: Идентитетот и јазикот не смеат да бидат предмет на преговори

Vecer | 12.05.2021

Арсовски: Идентитетот и јазикот не смеат да бидат предмет на преговори


Владата смета дека одвојувањето на Албанија и Северна Македонија не е во ничиј интерес и дека непринципиелност од страна на Европската Унија може да има безбедносни последици за целиот регион. Двете земји треба да одат заедно низ процесот на интеграција на Западен Балкан и да си помагаат, изјави на денешната прес конференција владиниот портпарол Душко Арсовски.

Според него, друга алтернатива освен европската иднина на Северна Македонија и на цел Западен Балкан не постои.

„Нашата аспирација е да стане Северна Македонија земја -членка во Европската Унија. Македонскиот јазик и македонскиот идентитет наметнати како прашања од Бугарија воопшто не смее да бидат тема на разговорите и ангажманот на Брисел, Северна Македонија единствено така ќе продолжи да разговара за нејзината европска иднина. Премиерот Заев на средбите во Брисел беше јасен-идентитетот и јазикот не смеат во ниту случај да бидат предмет на преговори“, потенцира Арсовски.

Северна Македонија ги спроведе сите реформи, додаде владиниот портпарол и дообјасни дека нивната имплементација е предмет на неколку процеси за примена на европските стандарди дома.

Според Арсовски, исполнети се сите критериуми на ЕУ за отворање на процесот за членство.

„Северна Македонија заслужува како никој досега да биде членка на Унијата и има покажано европско однесување и вредности и дома и во регионот, но и со самата Унија и оваа Влада ќе опстои на тоа“, беше речено на редовната прес-конференција на владините портпароли во врска со актуелниот статус на нашата земја во однос на исполнувањето на условите за формалниот почеток на преговорите со ЕУ.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk