logo
logo
logo

Арсовска: Центар ќе биде пример за тоа како треба да изгледа општина во европска метропола

Vecer | 20.10.2021

Арсовска: Центар ќе биде пример за тоа како треба да изгледа општина во европска метропола

Независната кандидатка за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска од денешниот митинг во Центар истакна дека промените во Центар се извесни, а општина Центар ќе биде пример за тоа како треба да изгледа општина во европска метропола, а изрази голема поддршка за Наташа Котлар за која истакна дека е човек кој ќе се бори против урбаната мафија и за почиста општина за сите центарци.

„По првиот круг сонце го огреа Скопје, сонце на промените кои се извесни во градот, промени на модерното Скопје, рече Арсовска на митингот вечерва во Центар.

Арсовска упати голема поддршка за професорката Наташа Котлар и им заблагодари на центарци за досегашната поддршка за поубав град, и посочи дека визијата на кандидатката за Скопје, Котлар која е имуна на корупцијата и ќе се бори против урбаната мафија, како и почиста општина за сите граѓани.

„ Нашата визија за Центар е тој да биде пример за тоа дека во Скопје можеме да живееме во европска модерна метропола, а токму од Центар ќе почнат промените за следните четири години, разликата е 8000 гласови во првиот круг е јасна и е предвесник на промените кои доаѓаат, за десет дена Центар и Скопје ќе имаат нови градоначалници кои ќе бидат ветерот на промените, рече Арсовска.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk