logo
logo
logo

Арсовска: Шилегов се уште НЕ МИ СЕ ИЗВИНИЛ ЗА НАВРЕДИТЕ

Vecer | 25.10.2021

Арсовска: Шилегов се уште НЕ МИ СЕ ИЗВИНИЛ ЗА НАВРЕДИТЕ

Не одлучив да прифатам дуел, туку се одлучив за интервју поради тоа што го повикав градоначалникот Шилегов да ми се извини за личните навреди, но се уште не го стори тоа, рече кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска во емисијата „Топ тема“.

Таа го обвини Петре Шилегов дека користејќи го личниот профил на градоначалникот, утпатувал навреди во текот на целата кампања.

Континуирано бев предмет на лични деградации, не само од него, туку и од неговиот лидер и приврзаници. Доколку се одважи да се извини во наредните денови, ние ќе имаме дуел уште истиот ден. Не е страв, туку барам извинувања – потенцира Арсовска.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk