logo
logo
logo

Арсовска НЕМАШЕ ИНТЕРЕС ЗА УНИВЕРЗАЛНА САЛА, тврди министерката за култура

Vecer | 24.11.2022

Арсовска НЕМАШЕ ИНТЕРЕС ЗА УНИВЕРЗАЛНА САЛА, тврди министерката за култура

Според министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, немало интерес за Универзална сала од страна на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.

Таа рече дека не покажувала никаков интерес да се продолжи со реконструкцијата на Универзалната сала.

-Во 2019 година пари од буџетот, преку Министерството за култура биле префрлени, заедно со писмо за соработка со Град Скопје, за целосна реконструкција на салата, но тоа не се случува. Ние со министерот за локална самоуправа зборувавме со градоначалничката за да можеме да и излеземе во пресрет за реконструкцијата на Универзалната сала, бидејќи парите стојат на сметка, проектот е таму, рече министерката во „Студио 10“ на ТВ24.

Таа додаде дека, наспроти она што го тврдеше Арсовска на почетокот на годината, проектот е безбеден и потврден од сите релевантни институции.

-Градоначалничката сега треба да ни прати фактичка состојба и потврда дека парите се на сметката на Град Скопје. Овој проект треба да ги надмине сите лични и политички проблеми, бидејќи е од витално значење, рече Костадиновска Стојчевска.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk