logo
logo
logo

(АНТИ)КОРУПЦИЈА ВО МАКЕДОНИЈА: Фирмата на Николовски зема кеш без да издава фискални, а Лукаревска од УЈП трет ден молчи и не реагира

Vecer | 01.03.2021

(АНТИ)КОРУПЦИЈА ВО МАКЕДОНИЈА: Фирмата на Николовски зема кеш без да издава фискални, а Лукаревска од УЈП трет ден молчи и не реагира

Сања Лукаревска трет ден молчи и не реагира за скандалот со кеш наплатите на фирмата на братот на Љупчо Николовски „Лариком Импекс“, која зема кеш без да издава фискални сметки, што е целосно нелегално, и подлежи на казна, се вели во денешната реакција од ВМРО-ДПМНЕ.

-Но казна е мисловен поим кога станува збор за фирми од власта. Секој друг граѓанин да го направеше делото кое го направил братот на Николовски, до сега ќе го посетеа сите инспекции, ќе платеше казни, и ќе беше затворен. Дали Сања Лукаревска молчи и мисли дека случајот со нелегалната наплата на „Лариком Импекс“ ќе се заборави? Дали институциите под раководство на СДСМ свесно молчат? Тие треба да знаат дека со нереагирање прават криминал, за кој ќе одговараат. А Љупчо Николовски наместо да се крие во влада, да покаже доблест и да си даде оставка, како институциите ќе можат да фо истражат случајот до крај, без да трпат притисоци од Николовски. Истовремено ја повикуваме и ДКСК веднаш да отвори случај против Николовски и да се утврди дали Лариком Импекс работела нелегално заради политичка заштита од Љупчо Николовски, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Инаку, Николовски вчера најави дека од среда почнува „офанзива против криминалот и корупцијата“.


© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk