logo
logo
logo

АНКЕТА: МИЦКОСКИ И ВМРО-ДПМНЕ УБЕДЛИВО ПРВИ, граѓаните сметаат дека владата се бори со криминалот и корупцијата

Vecer | 26.04.2025

АНКЕТА: МИЦКОСКИ И ВМРО-ДПМНЕ УБЕДЛИВО ПРВИ, граѓаните сметаат дека владата се бори со криминалот и корупцијата

Ако до сега во најголемиот број истражувања на јавното мислење во Македонија, проблем број 1 со кој се соочува нашата држава беше криминалот и корупцијата, последното истражување на МКД.мк покажува дека македонските граѓани сметаат дека денес тоа е економијата.

Истражувањето е спроведено од 20 март до 17 април од страна на агенцијата Маркет вижн за МКД, во однос на рејтинзите на политичките партии и нивните лидери, покажа дека ВМРО-ДПМНЕ и нивниот лидер Христијан Мицкоски и натаму се во убедливо водство.

За македонските граѓани денес најважниот проблем со кој се соочува Македонија се економските фактори, нивото на приходи на граѓаните и растот на цените. Во досегашните истражувања на јавното мислење на МКД.мк и на Маркет вижн, за првпат криминалот и корупцијата се на второто место.

Во однос на лидерите на политичките партии, Христијан Мицкоски ја има довербата на најголем дел од испитаниците.

На Мицкоски му веруваат 25,4 отсто од испитаниците, а на второто место е Венко Филипче со 3,8%.

Перцепцијата на граѓаните е дека лидери на опозицијата во Македонија се Венко Филипче (СДСМ), Али Ахмети (ДУИ) и Димитар Апасиев (Левица). Речиси половина од испитаниците не знаат кој политичар да го посочат.

Во однос на случувањата во СДСМ и нивните функционери вмешани во криминални и коруптивни зделки, повеќе од половина од испитаниците сметаат дека СДСМ сѐ уште не се исчисти од луѓето кои се дел од такви скандали.

Изненадувачки висок е процентот на граѓаните кои би излегле на гласање ако утре се одржат изборите. Дури две третини од испитаниците изјавиле дека ќе излезат на гласање, а кампањата за локалните избори уште не е ни почната.

Од оние кои одговориле дека би излегле на гласање на следните избори, велат дека ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ. На второ место е коалицијата Вреди, па следуваат ДУИ, СДСМ, Левица, ЗНАМ…

Анкетирањето беше спроведено од 20 март до 17 април со употреба на CAТI метода – телефонско анкетирање со помош на компјутер на примерок од 1.200 испитаници (статистичка грешка: 3%; интервал на доверба: 95%).

Примерокот е репрезентативен на ниво на Македонија според: регион, пол, возраст и етничка припадност според податоците за резидентното население од пописот во 2021 година.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk