За скоро половина од македонските граѓани односно за 43,6% најголем проблем во државата се економијата и намалената стопанска активност, а потоа и нефункционирањето на правниот систем, односно криминалот и корупцијата за што се изјасниле 26,7% од испитаниците.
Само 14,2% сметаат дека Македонија оди во правилна насока, додека мнозинството од 55,5% сметаат дека оди во негативна насока.

Воедно граѓаните, поголем дел или 79,8% сметаат дека корупцијата во земјата расте, односно дека е повисока во однос на минатата година.

Ова се дел од резултатите на најновата анкета на МКД.мк спроведено од агенцијата Маркет вижн од 5 до 16 јуни.
30,2% сметаат дека Македонија ќе стане членка на ЕУ, додека половина или 49,9% сметаат дека Македонија нема да стане членка на ЕУ. Од оние испитаници кои сметаат дека Македонија ќе стане членка, приближно две третини или 60,3% сметаат дека тоа ќе се случи во следниве 10 години.

Анкетата беше спроведено од 5 до 16 јуни со употреба на CATI метода - телефонско анкетирање со помош на компјутер на примерок од 1.200 испитаници со ниво на статистичка грешка од 3% и интервал на доверба од 95%. Примерокот е репрезентативен на ниво на Македонија според регион, пол, возраст и етничка припадност според податоците за резидентното население од пописот 2021 година
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата