Директорот на ЦУК и поранешен бранител и учесник во конфликтот од 2001 година, Стојанче АНгелов, во тв гостување го кажа својот став за УЧК кои денес се нарекуваат бранители од албанскиот блок.
„Не постојат бранители од албанскиот блок, морам да ве корегирам, тоа се напаѓачи коишто со ништо предизвикаа војна. Во меѓународното право дозволено е кревање оружје ако условите за живот се неподносливи.... за човекови права убиваа македонски полицајци, се бореа за територија овде никогаш нема да ме убедите дека тие биле во право. Предизвикаа страшно разурнување жртви кои што не можат да се надоместат, не вратија назад 30 години, рече Ангелов.
Изјавата погледнете ја тука
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата