logo
logo
logo

Андоновски: ВМРО-ДПМНЕ продолжува со протестите од утре пред МНР во 17 часот

Vecer | 13.06.2021

Андоновски: ВМРО-ДПМНЕ продолжува со протестите од утре пред МНР во 17 часот

Дозволете да ве информирам дека на седницата на Извршниот комитет кој се одржа вчера во Битола, донесена е одлука за продолжување на протестите за спречување на националниот срам кој и се подготвува на Македонија од страна на Зоран Заев и неговите соработници.

Зоран Заев е таткото на спорот со Бугарија. Иако ја убедуваше македонската јавност дека со потпишувањето на спорниот договор повеќе немаме отворени прашања со соседите, очигледно е дека се отворија нови и досега неоспорувани теми. Република Македонија е блокирана.

Протестите продолжуваат затоа што Заев и Бујар Османи кријат за што се преговара и што се' се подготвени да прифатат од бугарската декларација.

Го повикуваме министерот за надворешни работи Бујар Османи да го покаже на македонската јавност документот кој го преговараат со Зоран Заев. Доколку во истиот не се задира во македонскиот јазик, идентитет и историја, тогаш зошто Заев и Османи го кријат овој документ?

Се додека на тајни преговори се подриваат македонските национални интереси, ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да протестира заедно со граѓаните на Република Македонија. Протестите продолжуваат утре од 17:00 часот пред МНР во Скопје.

Би сакале да и се заблагодариме на македонската јавност на трпеливоста во метежите на улиците, но треба сите да разбереме дека ова е наша национална борба, борба за спречување на разградувањето на македонската нација, се вели во интегралниот текст од прес конференцијата на ВМРО ДПМНЕ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk