logo
logo
logo

Андоновски: Датумот е недостижен за Заев, тој коленичи во Софија

Vecer | 22.06.2021

Андоновски: Датумот е недостижен за Заев, тој коленичи во Софија

Денес се случи она на што три години предупредуваме, а тоа е дека датумот е недостижен додека е Заев на власт, вели Стефан Андоновски од ВМРО-ДПМНЕ за „Топ Тема“ на Телма по однос на тоа што Македонија не доби датум за старт на преговори со брисел е резултат на политиката на Зоран Заев.

Според него има две лоши тенденции, едната дека „Заев коленичел во Софија, што значи дебатата до септември ќе биде со криењето и никој нема да се врати чекор назад“ и второ, „настанот ја покажа анемичноста на македонската дипломатија“.

-Македонија денес требаше да има претставници во европските метрополи. На пример за Албанија е кажано да видиме како ќе се развива ситуацијата, тоа е одработено од страна на Албанија, но не и од страна на Македонија, рече Андоновски.

Говорејќи за изјавата на претседателот на ДУИ, Али Ахмети кој вели дека е веќе разговарано за промена на знаме, грб и химна

-Ќе ми дозволите да не им верувам на СДСМ и Владата затоа што нивна реченица е дека не постои жив човек што би го сменил уставното име на Република Македонија без референдум, немаше таква одлука, ама името се промени. Јас ќе бев изненаден ако Заев и Ахмети зборувале за инвестиции во Тетово и слично, рече Андоновски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk