Од Американската амбасада во Скопје ги потсетуваат граѓаните кои имаат американска виза правилно да ја користат, бидејќи во спротивно ќе се здобијат со трајна забрана за влез во САД.
„Ако престојувате подолго отколку што е пропишано на вашата американска виза, може да се соочите со трајна забрана за патување во Соединетите Држави. Конзуларните службеници имаат целосен пристап до вашата историја на имиграција и ќе знаат за прекршувањата од минатото. Не постои такво нешто како „ненамерна грешка“ – ваша одговорност е правилно да ја користите вашата виза“, велат од таму.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата