logo
logo
logo

Минчев и Пропс ставија параф за подобра соработка во јавната администрација

Vecer | 04.04.2025

Минчев и Пропс ставија параф за подобра соработка во јавната администрација

Министерот за јавна администрација на Република Македонија, Горан Минчев, и министерот за јавна администрација на Република Словенија, Франк Пропс, потпишаа Меморандум за соработка, со кој се зацврстува билатералната соработка и се отвора ново поглавје во размената на искуства и добри практики во областа на јавната администрација.

Пакетот од четири закони за реформи во јавната администрација до крајот на април ќе биде доставен до Владата, а до крајот на мај или почетокот на јуни се очекува да влезе во собраниска процедура – најави Министерот за Јавна администрација, Минчев.

По критиките од ЕУ дека земјава доцни со реформите во јавната администрација, Минчев дели дека не чувствува одговоност, бидејки процедурата била во рамки на постоечките рокови предвидени од ЕК.

Службениците во Македонија добија 1.800 денари плус на платата согласно законските усогласувања. 8-те проценти усогласување согласно Колективниот договор за јавниот сектор ќе легнат на нивните сметки кога неколку закони кои ја уредуваат оваа проблематика ќе бидат усвоени. Министерот Минчев очекува тоа да се случи до крајот на месец мај.

-Законот за правична застапеност, не е дел од пакетот. На неговата подготвка работи група експерти формирана од Владата, а пред да биде испратен во Собрнание, прво ќе оди на проверка во Венцијанската комисија, за да се осигура дека нема повторно да падне на Уставен, кажа Минчев.

Меморандумот предвидува соработка на повеќе клучни аспекти, меѓу кои:

  • Подобрување на управувањето со човечки ресурси преку европски практики за селекција, обука и развој на кадарот;
  • Зајакнување на професионалниот развој на административните службеници со заеднички обуки и современи образовни програми;
  • Поддршка за управување со квалитетот во јавната администрација преку алатки за мерење перформанси и подобрување на институционалната ефикасност;
  • Развој на иновативни дигитални решенија за подобар пристап до јавни услуги и автоматизација на процесите;
  • Приближување кон европските стандарди преку усогласување со регулативите на ЕУ;
  • Следење и евалуација на реформите за подобро прилагодување на политиките кон реалните потреби.

Министерот Минчев изрази уверување дека ова партнерство ќе придонесе кон конкретни резултати во модернизацијата на јавната администрација и ќе послужи како пример за успешна регионална соработка.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk