logo
logo
logo

Али Ахмети: На Албанците во Македонија ИМ ТРЕБААТ САМО ДВЕ ПАРТИИ

Vecer | 08.04.2022

Али Ахмети: На Албанците во Македонија ИМ ТРЕБААТ САМО ДВЕ ПАРТИИ

„Јас отсекогаш сум ја промовирал и ја промовирам тезата дека во Република Северна Македонија повеќе од две албански партии не прават да бидеме неважни. Во Македонија доволни се само две партии, третата може да биде штетна“, вели лидерот на ДУИ, Али Ахмети во интервју за РТВ21 Косово

Тој додава дека постоењето на повеќе партии само го парцијализира изборниот глас, а тие се уште имаат потреба од обединетост затоа што има уште доста работи за завршување.

„Но, јас сум се борел за демократија, за плурализам и никој не може да им го забрани правото на луѓето да се организираат во политички партии.  Јас сум веќе 20 години дел од политичките процеси и не сум изгубил ниту едни избори, дали парламентарни, локални или претседателски. Но, сакам Албанците да го знаат моето мислење кое отворено го кажувам, а тоа е дека постоењето на трета или повеќе партии оди на директна штета на Албанците во Македонија. Две партии се доволни за застапување на Албанците, една во опозиција, една на власт“, порачува Ахмети.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk